Средба Меркел – Путин на “Петерсбуршкиот дијалог” | Вести | DW | 14.10.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Средба Меркел – Путин на “Петерсбуршкиот дијалог”

*

Поранешниот руски претседател Михаил Горбачов се пожали на недоверба на ЕУ спрема Русија. Во Европа има многу “неодговорни изјави”, рече Горбачов на отворањето на седмиот “Петерсбуршки дијалог” во Визбаден.

Во рамките на оваа манифестација денеска ќе дојде и до средба на германскиот канцелар Ангела Меркел со претседателот на Русија Владимир Путин. Во редовната недела видео-порака Меркел се изјасни за партнерство со Русија, и покрај растечката затегнатост меѓу Москва и Западот. “Германија и Русија ги поврзува стратегиско партнерство. Ние сакаме добри односи на сите нивоа и во многу области” – нагласи Меркел во видео-пораката.