1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Средба Меркел-Качински

*

Неколку дена пред самитот на ЕУ во Лисабон,германскиот канцелар Ангела Меркел и полскиот претседател Лех Качински уште еднаш разговараа за спорните точки на планираниот основен договор на ЕУ.Средбата се одржа на барање на Полска.Таа повеќепати досега бараше корекции во договорот.Освен тоа,владата во Варшава се обидува во него да издејствува клаузула со која малцинството во ЕУ може да ги блокора одлуките на мнозинството.По разговорите во Берлин,Меркел и Качински изразија увереност дека во Лисабон ќе биде постигната согласност околу идниот европски договор.