1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Средба Ливни – Абас на Ист Ривер

На маргините на Генералното собрание се сретнаа израелската министерка за надворешни работи Ципи Ливни и претседателот на Палестинците Махмуд Абас.

Ципи Ливни и Махмуд Абас на средбата во седиштето на ОН во Њујорк

Ципи Ливни и Махмуд Абас на средбата во седиштето на ОН во Њујорк

Ова е втора средба меѓу двајцата политичари од доаѓањето на власт на радикалната организација Хамас во март годинава. На средбата што треаше еден час меѓу другото стана збор и за пуштањето на слобода на израелскиот војник Гилад Шилат, чие киднапирање беше повод за Либанската војна летово.

Првите официјални разговори меѓу претставници на Израелците и Палестинците по подолго време минаа на очигледно задоволство на обете страни:

Средбата била добра, позитивна и важна, порача за израелското радио шефицата на израелската дипломатија во седиштето на ОН во Њујорк. Слична беше и реакцијата на палестинскиот претседател, кој во врска со пуштањето на слобода на киднапираниот израелски војник можеше само да изрази надеж дека тоа наскоро ќе се случи. Околу конкретните напори на палестинската страна во таа насока, според дипломатски извори, не станало збор. Абас и Ливни покрај тоа разговараа за можноста наскоро да се сретнат и израелскиот премиер Еухд Олмерт и палестинскиот претесдател Абас. Абас, чија политичка партија Фатах седи во опозиција во палестинскиот парламент, нема голема моќ, ниту пак авторитет кај палестинското население, но за израелската страна тој е единствениот партнер за разговори, порача Ливни:

„Кога зборувам за Палестинците, тогаш секогаш мислам на Абас, а не на владата на чело со Хамас. За нас е важно да имаме отворен канал на комуникација и разбирање.„

При тоа шефицата на израелската дипломатија предупреди од преголеми очекувања од средбите со палестинскиот претседател. Драматичен пробив во односите со Палестинците не треба да се очекува дури ни ако дојде до средба на Абас со израелскиот премиер Ехуд Олмерт.