1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Средба за поцврсто пријателство

Германскиот претседател Јоахим Гаук денеска и утре (7 и 8.12) е во официјална посета на Хрватска. Планирани се средби со хрватскиот колега Јосиповиќ, како и со претставници на бизнис фелата.

Кога во Хрватска ќе се споменат односите со Германија, добар дел од граѓаните ќе наведат дека Германија и натаму е во врвот на државите во кои би живееле, ќе го пофалат квалитетот на германските производи и ќе наведат дека бројните туристи кои летуваат на Јадранот го поттикнуваат меѓусебното запознавање на културите и на животните навики. Бизнисмените од двете земји секогаш со задоволство ја истакнуваат добрата соработка, односно фактот дека Германија е меѓу трите најзначајни хрватски партнери.

Кон таквите оценки се придружуваат и аналитичарите како Славен Летица кои сакаат да ја истакнуваат долгата традиција на политички и дипломатски односи. Кон таквите оценки се приклучуваат и политичарите.

„Нашите билатерални односи секогаш биле над стандардите, а верувам дека и ќе продолжат во сегментите кои денес се многу важни за Хрватска- економската соработка и инвестициите“, вели поранешниот шеф на дипломатијата Горан Јандроковиќ.

Добронамерни критики

Со оглед на тоа дека Германија беше движечка сила на меѓународното признавање на Хрватска, и ја храбреше на патот кон НАТО и ЕУ, граѓаните, а делумно и политичката елита беше изненадена од критиките кои од Берлин пристигнаа на сметка на реформските процеси во Хрватска.

Kroatien Gordan Jandrokovic

Горан Јандроковиќ

„Доколку ја гледаме историјата на нашите билатерални односи, Германија никогаш не била некритична кон Хрватска. Секогаш јасно ни ги ставале до знаење нивните ставови, доколку сметале дека некои нешта не се развиваат како што треба“, вели Јандроковиќ.

Андреј Пленковиќ, хрватски пратеник-набљудувач во Европскиот парламент нагласува дека критиките на дел од германските медиуми и политичари е одраз и на нивната воздржаност кон проширувањето на ЕУ „поради негативните искуства со Романија и Бугарија“.

Пленковиќ смета дека тоа повеќе бил „контекстуален став на дел од германската политичка сцена, отколку конкретна забелешка за хрватските достигнувања“. Тој верува дека Хрватска од Гаук ќе слушне охрабрувачки пораки за патот кон ЕУ“.

И аналитичарите и политичарите посетата на Гаук ја оценуваат како знак на доверба и важноста која Германија и ја придава на Хрватска. Оттука и заклучуваат дека разговорите на Гаук со хрватските бизнисмени, научници и политичари треба да биде дополнителен поттик за хрватско-германскиот дијалог.