1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Средба Груевски Шефер

Македонскиот премиер Никола Груевски имаше средба со генералниот секретар на НАТО Јаап Де Хоп Шефер. “Генерално има позитивна атмосфера и добра причина за на следниот самит на НАТО да добиеме покана за членство во Алијансата”, изјави Груевски по средбата која се одржа вчера во рамките на првиот ден од Пролетната сесија на Генералното собрание на НАТО кое се одржува во Португалија. Инаку на средбата на Алијансата,најважни теми се НАТО мисиите во Авганистан и на Косово. На четвородневната сесија присуствуваат 300 парламентарци од земјите членки на НАТО, придружните членки ие земјите набљудувачи.