1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Средба Груевски- Црвенковски: Договор за избори?

Лидерите на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, Никола Груевски и Бранко Црвенковски, денеска во Скопје треба да остварат средба на која би можело да се постигне договор за одржување предвремени парламентарни избори во Македонија.

default

Лидерите на двете најголеми политички партии од власта и од опозицијата во Македонија за првпат по подолго време ќе одржат тет-а-тет средба на која пред се’ треба да бидат разгледани условите кои ги постави опозицијата за одржување на предвремени парламентарни избори. Средбата Груевски - Црвенковски е закажана за 13 часот во Клубот на пратеници во Скопје и би можела да претставува обновување на дијалогот власт- опозиција, кој веќе неколку месеци е блокиран. Минатата недела Груевски му испрати отворено писмо на Црвенковски за средба. Црвенковски ја прифати, но побара и лидерска средба на која ќе присуствуваат лидерите на сите политички партии.

Mazedonisches Parlament

Собранието утре ќе избира нов претседател на ДИК

Одложена седницата за избор на претседател на ДИК

За денеска беше закажана и седница на Собранието, на чиј дневен ред се точките за Изборен законик, избор на претседател на ДИК и формирање на повремена комисија за утврдување на состојбата со избирачките списоци, но истата е презакажана за утре.

Причина за одложувањето е тоа што денеска во Собранието треба да се одржи комеморативна седница за починатиот пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Владо Стефановски.

Автор:СН/АТ/макфакс/миа

Редактор: Симе Недевски

DW.COM