1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Средба Груевски – Ван Ромпој во Брисел

Македонскиот премиер Никола Груевски денеска (9.12) во Брисел ќе оствари средба со претседателот на Европскиот Совет, Херман ван Ромпој.

default

Средбата доаѓа на десетина дена пред одржувањето на Самитот на ЕУ, на кој ќе се расправа и за петтата препорака од Европската комисија за почеток на пристапните преговори со Македонија.

Заклучокот за Македонија којшто треба да биде презентиран на Самитот на ЕУ, ќе биде договорен на 17 декември на состанокот меѓу министрите за надворешни работи на Советот за општи работи на Европската унија.

Во изминатите неколку години, претходните претседателства на Унијата, кога се работеше за Македонија, постојано заклучуваа дека иако ја прифаќаат препораката на Комисијата, „на ова прашање ќе се навратат за време на следното претседателство“.

Покрај средбата со Ван Ромпој, македонскиот премиер денеска ќе учествува и на форумот во организација на европската канцеларија на германската невладина организација „Конрад Аденауер”, ќе има средба со амбасадорите на земјите-членки на Европската унија, како и посета на Универзитетската клиника во градот Лувен.