1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Средба Вен Ѓијабао – Меркел во Берлин

На вториот ден од работната посета на Германија, кинескиот премиер Вен Ѓијабао се сретна со претседателот на државата Хорст Келер и канцеларката Ангела Меркел.

Вен Ѓијабао и Ангела Меркел во Берлин

Вен Ѓијабао и Ангела Меркел во Берлин

Во центарот на вниманието се најдоа економските односи меѓу двете земји, но канцеларката меркел се осврна и на непријатните теми за почитувањето на човековите права и слободи во Кина, како и слободата на печатот.

Високиот гостин од Пекиг допатува во Берлин со супер брз воз на германските железници, наместо со вообичаеното средство на врвните политичари – авионот. Патувањето од Хамбург, каде Ѓијабао присуствуваше на една стопанска конференција, до новата железничка станица во главниот град траеше само 90 минути.

„Се надевам дека возењето Ви беше пријатно!„ – беа првите зборови со кои канцеларката Ангела Меркел го дочека гостинот од Пекинг. Вен Ѓијабао возврати со комплименти на сметка на германските супер брзи возови. Тоа дека тој и неговата земја многу се интересираат за германската врвна технологија, тоа не е никаква тајна. Но, на голема жал на германските пронаоѓачи и инвеститори, нивните кинески колеги бескрупулозно ги копираат меѓународно заштитените патенти и развиваат сопствени производи на таа основа. Затоа вечната тема за заштита на интелектуалната своина и овој пат доби многу високо место во разговорите на двајцата премиери.

„За да има има уште поголема доверба за оние кои сакаат да инвестираат во Кина. Во разгховорот слушнав дека германските вложувачи се срдечно добредојдени во Кина„ – појасни канцеларката Меркел.

Германија е најголемиот трговски партнер на Кина од ЕУ. Трговските врски се развиваат одлично, оценија двајцата премиери, посочувајќи на веројатниот нов рекорд во износ од 80 милијарди долари за тековната година.

На средбата во Берлин меѓутоа стана збор и за спорните теми, како најновите закони за цензура на медиумите во Кина и воопшто почитувањето на човековите права и слободи.

„Јасно ставив на знаење дека овие права се нужни и дека мора да важат на секаде. Со поглед на Олимписките игри во Пекинг 2008-та посебно посочив дека слободата на печатот ќе биде многу важен елемент.

На дневниот ред се наоѓа и прашања од меѓународната политика, како иранската атомска програма. Кина како постојната членка на Советот за безбедност со право на вето и понатаму се залага за воздржаност на меѓународната заедница во спорот.

„Сакаме да го решиме атомското прашање со Иран, но воведувањето санкции не води по секоја цена кон посакуваната цел, туку може да предизвика и спротивен ефект. Затоа мораме да бидеме многу внимателни со вакви мерки„ порача Вен Ѓијабао по средбата со германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин.