1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Средба Арифи-Клинтон: Соработката е одлична

Македонската вицепремиерка задолжена за европски прашања Теута Арифи во рамки на посета на САД се сретна со државниот секретар на САД Хилари Клинтон на која е истакната одличната соработка меѓу двете земји.

default

Теута Арифи

Како што се наведува во соопштението, на средбата вицепремиерката Арифи ја информираше Клинтон за политичко-безбедносната состојба во земјата и во регионот.
Вицепремиерката Арифи во САД се сретна и со Медлин Олбрајт, поранешен државен секретар на САД и претседател на Националниот демократски институт (НДИ) со која разговараше за моменталната безбедносна состојба на регионот и натамошните можности за земјите од Западен Балкан по однос на нивната евроатлантска интеграција. Арифи се сретна и со вице-адмиралот Керол М. Потенгер, заменик шеф на одделот за развој на вештини во НАТО.
Арифи ги продолжува политичките разговори во Вашингтон на одделни средби со помошникот државен секретар Филип Гордон, со заменикот помошник државен секретар Филип Рикер и со претставници на Конгресот на САД.
Во меѓувреме ќе одржи предавање во Центарот за меѓународни студии при Универзитетот Џон Хопкинс во Вашингтон.
Вицепремиерката за европски прашања Теута Арифи во САД престојува на покана на државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Хилари Клинтон, и присуствуваше на конференцијата насловена како „Проект за жените во јавна служба“, која се одржа во Стејт Департментот.

Автор:СН/ЖА/миа

Редактор: Жана Ацеска