1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Сребро за Флоршиц и Вустлих

Сребро за Германија на петиот ден од зимската олимпијада во Торино . „Виновник“- машкиот двосед во санкање Флоршиц- Вустлих. Продолжи, со половичен успех и настапот на германските фудбалски тимови во купот на УЕФА.

Освојувачите на среброто

Освојувачите на среброто

Андре Флоршиц и Торстен Вустлих го освоија второто место на натпреварувањето во санкање двосед на зимските олимписки игри во Торино .Олимпиското злато им припадна на браќата Андреас и Волфганг Лигнер од Австрија. Но Флоршиц и Вустлих го прославија среброто како злато во германската куќа во местото Сестриере:

„Пресреќен сум , дека се се погоди . Во втората трка целосно се концентриравме и се функционираше , како што посакувавме“ – изјави Флоршиц .

Вустлих пак ги повика навивачите дома да се радуваат и и да се напијат нешто на негова сметка:

„ Сега може да се мине на попријатениот дел . Ги поздравувам, сите дома , Убаво прославувајте . Три кригли пиво на моја сметка“ .

Од белите на зелениот терен . За два тима од фудбалската Бундеслига лига, продолжија европските настапи во третата рунда од купот на УЕФА.

За разлика од Херта која на домашен терен во Берлин беше поразена од Рапид од Букурешт со еден спрема нула, фудбалерите на Шалке , со предност од 2:1 ќе заминат на реваншот во Барселона , против Еспањол.

„Сметам дека залужено победивме. Ние ја контролиравме играта , во второто полувреме и рискиравме многу со тројцата напаѓачи и сметам дека 2:1 е залужен успех. Помило ќе ни беше нормално 2:0 , но се живее и со ова“- порача тренерот на Шалке Мирко Сломка.