1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Сребреница-тужба

*

Правните застапници на семејствата на жртвите од Сребреница ќе поднесат тужба против Холандија и ОН, за делумна одговорност за масакрот во овој град. Според адвокатите, Холандија одбила да им пружи воздушна поддршка на своите војници кои се наоѓале во Сребреница, со што индиректно им овозможиле на силите на босанските срби да одведат неколку илјади муслимани. Кабинетот на холандскиот премиер Јан Петер Балкененде соопштија дека нема да го коментираат случајот додека не ги добијат судските документи.