1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Срдечни честитки – Русија 2014!

Коментар на Инго Мантојфел

default

Одлуката на ИОЦ Сочи ја дочека со огномет!

Изборот на Сочи за домаќин на зимските олимписки игри во 2014 година, од некои посматарчи ќе се анализира и критички: гласно се шпекулира за тоа колку средства се потрошени за да се додје до тоа решение. Веќе се шири слоганот: „Газпром го победи Самсунг„ со алузија на концерните што стоеја зад кампањата на Сочи и Пјонгчанг. Во секој случај решението е успех за валдејачката елита во Русија. Сепак, има добри причини за честитки.

Решението во полза на Сочи на прв поглед може да е изненадување, зашто летувалиштето повеќе е за капачко уживање отколку за зимски спортови. Освен тоа, местата на кои би се одржувале натпреварите засега постојат само на хартија. Но, сето тоа треба многу бргу да се промени, ако се прашува претседателот Путин. Со решението за Сочи, и лично присутниот претседател Путин може да добие јасен промотивен успех не само за Русија. Многу повеќе тој постигна и личен триумф. Зашто кандидатурата на Сочи за зимските олимписки игри во 2014 година беше многу важен проект на престиж за рускиот претседател, кој за неговата политика доживува критики и на меѓународен, но и на домашен план. Победата на Сочи во Гватемала сега би можела кусорочно енормно да ја зголеми популарноста на претседателот Путин и неговата владејачка елита. На тој начин, решението од Гватемала би можело да има индиректно влијание врз парламентарните и претседателските избори во декември годинава и во март идната, за чиј демократски карактер во секој случај постојат сомнежи. Изборот на Сочи на тој начин значи и поддршка за сегашниот политички модел во Русија. Освен тоа, сноќешното решение носи и одлична атмосфера во руската политика: по години политички и економски неуспеси, огромните приходи од извозот на енергија и порастот на економијата придонесоа за новата руска самодоверба во односите со светот. Сосем во согласност со таквиот тренд е и ангажманот на мега-концернот Газпром кој својата моќ ја ангажираше за проекти во смисла на руските национални интереси. Сега треба да се очекува руското таководство изборот на Сочи да го интерпретира како доказ за исправноста на сопствената политика. Сепак ова решение не треба да се гледа само негативно: денешна Русија не е Русија во која ќе се одвиваат зимските олимписки игри во 2014 година. Зашто, дури и ако путиновото раководство би сакало да верува поинаку, Русија се уште е далеку од нормална држава. Таа се наоѓа во жесток политички, економски и социјален процес на промени со историски димензии. Во 2014 година ќе се појави првата вистински пост-советска руска младина. Значи оние родени по 1991 година штотуку ќе ги напуштат училиштата и ќе почнат да работат. Дали со тие генерации ќе може да се одржи сегашниот политички модел со ограничувања на правата на слобода е големо прашање. Во таа смисла: срдечни честитки за Русија од 2014 година!

Инго Мантојфел