Србија – Џинџиќ | Вести | DW | 24.04.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Србија – Џинџиќ

Во судскиот процес за убиството на поранешниот српски премиер, Зоран Џинџиќ, обвинителството побара обвинетите да бидат прогласени за виновни. На 13-темина обвинети им се закануваат казни затвор во траење до 40 години. Џинџиќ беше убиен на 12 март 2003 година во Белград. Милорад Улемек, кој е обвинет дека стои зад атентатот и Звездан Јовановиќ, кој се товари за пукање врз премиерот, се изјаснија како невини.