1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Србија ќе мора да го признае Косово ако сака во ЕУ

Условот за влез на Србија во ЕУ е признавање на независноста на Косово, соопшти денеска претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц по средбата со српскиот премиер Ивица Дачиќ.

По средбата во Брисел, Шулц рече дека со Дачиќ разговарале многу отворено и дека „односите на Србија и Косово во рамки на мирољубивиот развој мора да завршат со взаемно признавање“.

„Нашата цел е на крајот да биде можно Србија да стане членка на Европската Унија, со исполнување на сите мерила и воспоставување на мирољубиви, постојани односи меѓу двете земји“, рече Шулц.

Дачиќ наведе дека Србија е подготвена да соработува со ЕУ за сите прашања, и да биде фактор на мирот и стабилноста во регионот. Тој додаде дека во тоа го вклучува и решавањето на спорните прашања меѓу Белград и Приштина.

Посетата на Брисел е прва на новито српски премиер по стапувањето на должност. Освен со Шулц, Дачиќ во Брисел ќе се сретне и со претседателот на Советот на ЕУ Херман Ван Ромпој, со шефицата на европската дипломатија Кетрин Ештон, како и со комесарите за проширување и внатрешни прашања Штефан Филе и Сесилија Малстром.