1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Србија прифаќа Косово да игра пријателски натпревари без државни обележја

Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС) нема да се противи на тоа репрезентацијата на Косово да игра пријателски натпревари, под услов таа селекција да игра без какви било државни обележја, тврди весникот „Политика“.

Претседателот на ФСС Томислав Караџиќ, како што пишува „Политика“ наредната недела на конгресот на Светската фудбалска федерација (ФИФА) ќе пренесе дека Сојузот нема да има ништо против Косово да игра пријателски натпревари, но без државни симболи.

Светската фудбалска организација - ФИФА минатиот месец го одби барањето на претседателот на ФС на Косово Фадиљ Фокри репрезентацијата на оваа земја да игра официјални натпревари, што беше поздравено од раководните луѓе во српскиот фудбал.

„ФИФА нема да дозволи Косово да игра официјални натпревари се‘ додека државата не стане членка на Обединетите нации. Правилникот е сосема јасен и ние нема да дозволиме негово прекршување“, изјави претседателот на ФС на Србија Томислав Караџиќ.

Fadil Vokrri Fußball Vorsitzender Föderation Kosovo

Блатер и Вокри (архива)

Сепак, тој додаде дека Србија се залага за развој на фудбалот на Косово и поради тоа младите селекции на оваа земја, како и женските репрезентации, имаат дозвола да играат пријателски натпревари со земјите кои ги имаат признаено.

Во меѓувреме претседателот на ФС на Хрватска Давор Шукер најави можен пријателски дуел со Косово во Приштина, во првиот слободен термин на ФИФА. За разлика од дозволата на Косово да игра пријателски натпревари, и покрај барањето, ФИФА се‘ уште нема дадено дозвола на сениорската репрезентација на Република Српска да одигра пријателски натпревар со Србија.