1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Србија почнува преговори за членство со ЕУ во јануари

На почетокот на следната година, Србија ќе ги започне преговорите за полноправно членство во ЕУ. Пред влезот, Белград ќе треба да постигне правно обврзувачки договор со Приштина за сеопфатна нормализација на односите

Советот на министри на ЕУ усвои став според кој преговорите на Србија за членство во ЕУ треба да почнат во јануари 2014 година. Иако во синоќа (17.12) усвоените заклучоци за напредокот на Србија во 2013. не се споменува конкретен датум за одржување на Меѓувладината конференција Србија -ЕУ, комесарот за прошируваање Штефан Филе потврди дека тие би требало да се најдат на европската агенда на 21 јануари.

„Грција како земја која го презема ротирачкото претседателство на Унијата, ги информираше земјите членки дека планот е конференцијата да се одржи на 21 јануари“, изјави Филе. Во Советот на ЕУ велат дека на тој датум е веќе планиран Советот на европските министри за надворешни работи, кои на тој начин би биле во можност да учествуваат и на првата заедничка конференција со Србија.

Во своите годишни заклучоци, Советот на министри нагласува дека „внимателно ќе се набљудува“ залагањето на Србија во процесот на нормализација на односите со Косово. Белград се повикува и да обрна посебно внимание на владеењето на правото во земјата, што подразбира реформа на правосудството, борба против корупцијата и организираниот криминал, независноста на клучните институции, како и на слободата на медиумите, заштитата на малцинските права и соработката во регионот.

Правно обврзувачки договор

Советот на министри на ЕУ усвои и преговарачка рамка за Србија со што, според зборовите на Линас Линкевичиус, министерот за надворешни работи на

Brüssel Ivica Dacic und Stefan Füle

Српскиот премиер Ивица Дачиќ и комесарот за проширување Штефан Филе

Литванија земја која во моментов претседава со ЕУ, „де факто почнале преговорите со Србија“. Во Брисел се нагласува дека процесот на преговорите за членство и нормализацијата на односите со Косово ќе течат паралелно. Прашањата кои се однесуваат на Косово ќе се најдат во поглавјето 35. Се очекува дека заедно со поглавјата 23 и 24, кои се однесуваат на владеењето на правото и слободите, и поглавјето 35 ќе биде отворено меѓу првите, а ќе биде затворено на крај.

Пред влезот во ЕУ, Србија, според одлуката на Советот на министри, ќе мора да потпише „правно обврзувачки документ“ за целосна нормализација на односите со Косово. Во Брисел оваа формулација не ја толкуваат како признавање на независноста на Косово од страна на Сбрија, туку како продолжение на успешните преговори за нормализација на односите меѓу двете земји.

Во моментов никој во Брисел не сака да го коментира можното траење на процесот на преговорите. Општа оценка е дека патот ќе биде долг и тежок. Комесарот за проширување Филе вели дека брзината на напредокот на Србија не може да се проценува во однос на преговорите кои ги воделе други земји.

„Доколку Србија им пристапи на преговорите со истата посветеност која ја покажува во преговорите со Приштина, не гледам причина за одолговлекување на тој процес“, рече Филе.