1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Србија попушти за резолуцијата за Косово

Генералното собрание на ОН денеска ќе ја разгледа предлог-резолуцијата за Косово, која Србија ja достави по усогласувањето на текстот со ЕУ. Во неа се истакнува подготвеноста на ЕУ во посредување дијалог на двете страни.

default

Во ОН во Њујорк денеска резолуцијата за Косово

Министерството за надворешни работи на Србија вчера до Генералното собрание на ОН поднесе редефиниран предлог-резолуција за Косово, усогласен со Европската унија.

Со усвојувањето на тој документ, Генералното собрание на ОН би ја поздравило „подготвеноста на Европската унија да го олесни процесот на дијалог меѓу страните“.

„Процесот на дијалогот сам по себе би бил фактор на мир, безбедност и стабилност во регионот. Овој дијалог би имал за цел да ја унапреди соработката, да оствари напредок на патот кон Европската унија и да ги подобри животите на луѓето“, се наведува во предлог-резолуцијата.

Српскиот претседател Борис Тадиќ изјави дека редефинираната предлог-резолуција на ниту еден начин не соодржи признавање на независноста на Косово, туку напротив, овозможува дијалог за решавање на косовското прашање, кое ќе биде потврдено во Советот за безбедност на ОН.

„Заедничкиот именител кој е постигнат, е плод на компромис кој подразбира дека по одлуката на Меѓународниот суд на правдата е пронајдена формула со која се отвора дијалог за идни решенија, која се повикува на Повелбата на ОН и која не соодржи признавање на независноста на Косово на кој и да е начин“, рече Тадиќ.

„До усогласениот текст на резолуцијата дојдовме со помош на искрената желба сите прашања да ги решаваме во партнерски однос со ЕУ и сите други важни меѓународни фактори, убедени дека тоа е единствен начин до решение да се дојде“, потенцира Тадиќ.

Опозицијата во Србија ја оцени резолуцијата како капитулација на Белград.

Dossierbild 3 Kosovo

Косово-независноста е неповратен процес, инсистира Приштина

Позитивни реакции од Приштина и европските земји

Косовската влада и министерот за надворешни работи Бајрам Реџепи соопштија дека резолуцијата усогласена со Европската унија ќе го олесни дијалогот за нештата кои се од заеднички интерес на Белград и Приштина. Тој истакна дека Приштина останува на ставот дека тој дијалог може да биде воден единствено на ниво на две независни држави.

Шефот на германската дипломатија Гидо Вестервеле ја поздрави подготвеноста на Србија до Генералното Собрание на ОН да поднесе заедничка резолуција за Косово со ЕУ. Во соопштението од неговото министерство се наведува дека Вестервеле се надева оти резолуцијата ќе биде усвоена во Њујорк. Договорената резолуција ја поздравија и високата претставничка на Унијата, Кетрин Ештон и шефот на француската дипломатија Бернар Кушнер.

Автор: ЖА/БГ/миа/бета/дпа

Редактор: Жана Ацеска

DW.COM