1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Србија очекува кандидатски статус од ЕУ

Шефовите на дипломатии на ЕУ денеска и утре во Брисел одлучуваат за кандидатскиот статус на Србија. Се очекува позитивна одлука по договорот меѓу Белград и Приштина.

default

Гидо Вестервеле и Борис Тадиќ

Шефовите на дипломатии на земјите-членки на ЕУ денеска го започнуваат дводневниот состанок на кој треба да дадат „политичко мислење“ за тоа дали Србија заслужува статус на кандидат за членство во ЕУ.

Денеска во Брисел ќе престојува српскиот претседател Борис Тадиќ кој има средби со првата дипломатка на Унијата Кетрин Ештон и со претседателот на Советот, Херман Ван Ромпој. Конечната одлука дали Белград ќе добие кандидатура ќе биде донесена утре, а истата треба да биде потврдена на самитот на шефови и влади на 1. март.

Се очекува позитивна одлука, имајќи го предвид договорот кој Белград го постигна со Приштина околу регионално претставување на Косово и заедничкото управување со граничните премини.

Германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле, кој минатата недела беше во посета на Белград, изјави дека Германија сака на средбата на Европскиот совет во март Србија да добие кандидатски статус за членство во ЕУ.

Автор: БГ/бета

Редактор: Жана Ацеска