1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Србија обвинува дека Македонија го прекршува ЦЕФТА договорот

Стопанствениците во Србија се незадоволни поради тоа што Македонија го ограничува увозот на пченица и брашно и бараат ограничување на увозот на македонско вино. И македонските мелничари се незадоволни

Комерцијалниот директор на Житовојводина Здравко Шајатовиќ изјави дека македонската влада донела одлука за ограничување на увозот на пченица и брашно, што негативно ќе влијае на српскиот извоз на тие производи.

„Македонија е голем пазар на кој Србија годишно извезува 50 илјади тони пченица и 45 илјади тони брашно и поради тоа ќе бараме реципрочни мерки“, изјави Шајатовиќ на седница на Одборот за земјоделство на Стопанската комора на Србија.

Според Шајатовиќ, македонската влада го условила увозот на тој начин што македонските увозници ќе мораат да купат два килограми домашна пченица доколку сакаат да увезат еден килограм жито, односно ќе мораат да купат четири килограми домашна пченица, доколку сакаат да увезат еден килограм брашно.

Тој оцени дека се работи кршење на договорот за слободна трговија ЦЕФТА и наведе дека српските компании ќе бараат Србија да воведе реципрочни мерки во оние области кои се важни за Македонија, односно српските увозници на вино при увозот на еден литар вино од Македонија да мораат да купат четири литра домашно вино.

На одлуката на македонската влада да го ограничи увозот на пченица и брашно од Србија, на почетокот на минатиот месец, реагираа и македонските мелничари.

„Мерката се воведува во почетокот на јуни, кога цената на Новосадската берза паѓа, а мелничарите не можат да купуваат евтина пченица. Условени се да ја откупат домашната пченица која е по многу повисока цена. Од друга страна пазарот веќе е наполнет со евтино брашно така што на крајот имаме разлика како резултат на откупената скапа домашна пченица. Во 2012 година просечната увозна цена на брашното била 293 евра наспроти домашното кое било 415 евра, истакна Васко Ристовски од Стопанската комора на Македонија.