1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Србија – нова влада

Половина час пред полноќ, и пред истекот на законскиот рок, Србија синоќа доби нова влада на чело со досегашниот премиер Восилав Коштуница, за која гласаа 133 од 255 присутни пратеници во парламентот во Белград. Во првата изјава по изборот, Коштуница изрази надеж дека владата ќе биде стабилна и најави дека ќе се залага за членство во Европската унија. Денеска во Белград се очекува да допатува евро-комесарот за проширување Оли Рен кој со српското раководство ќе разговара и за обновата на преговорите за договорот за стабилизација и асоцијација.