1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Србија на „семафор“: Жолто светло од ЕУ

Одлуката на Европскиот совет за отворање пристапни преговори со Србија за членство во ЕУ, наиде на задоволство, но и на дилеми во Белград. Иако во соопштението на ЕУ се наведува дека нема нови услови, остана недоумица.

Српското раководство воздржано реагираше на вестите од Брисел, коментирајќи дека се работи за историска одлука со која не се баш најзадоволни. Премиерот Ивица Дачиќ истакна дека тоа е значајна одлука, но не е задоволен што таа на дневен ред ќе дојде дури во јануари следната година. Иако во соопштението на ЕУ се наведува дека нема нови услови, пошироката јавност остана во недоумица дали Србија доби датум за преговори, рамка, или зелено, а можеби и жолто светло за преговори?

Одлуката на ЕУ е максимумот кој во овој момент можеше да се добие, вели за ДВ Слободан Марковиќ, професор на Факултетот за политички науки. Проблем за германското јавно мислење претставува дури и влезот на Хрватска во ЕУ, вели тој. Доколку се обидуваме точно да оцениме што доби Србија, може да се каже дека се тоа изгледи за брз почеток на преговорите.

„Со заштитната клаузула на Германија, доколку во следните месеци не дојде до имплементација на договорот со Приштина, тогаш може процесот и да се запре“, вели Марковиќ.

Замаскирана победа

Според аналитичарот Славиша Орловиќ, политичарите ги подигнале

Der serbische Premierminister Ivica Dacic

Српскиот премиер Ивица Дачиќ

очекувањата на јавноста, а без прецизна одлука кога Србија ќе ги почне преговорите, тоа може да се толкува и како неисполнување на ветеното.

„Од една страна тоа може да оди во правец на фрустрирање и демонстрација на разочараност од српските политичари. Другата страна е тоа да се користи како победа, и тоа не е првпат: се сеќавате дека беше најавувано дека Видовден за првпат во Србија ќе биде добивка, а не пораз. Третата опција е сето тоа да се замаскира со некаква реконструкција на владата, или евентуално со нови избори“, оценува Орловиќ.

Марковиќ вели дека во приказните за ЕУ понекогаш премногу внимание се посветува на политичкиот дел од процесот. Но според него, веќе од следната година далеку поголемо внимание ќе биде насочено кон состојбата на економиите на земјите од Балканот, на кои се гледа како на дополнително оптоварување за ЕУ. Токму тука и се кријат причините за големата воздржаност околу српскиот датум, смета Марковиќ.