1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Србија на раб на банкрот

Во државниот буџет на Србија има пари за плати и пензии само до август. Старата влада на новата и‘ остави урнатини во економијата. Што од силните предизборни ветувања новата власт навистина ќе може да реализира?

Кандидатот за министер за финансии и економија Млаѓан Динкиќ најави дека во српскиот буџет има пари за исплата на плати и пензии само до август. Владата поради тоа ќе мора дополнително да се задолжи. Динкиќ наведе дека парите за тие потреби можеби ќе мора да се обезбедат и од кредитот за инвестиции. Се планира во буџетот да се префрли и дел од рускиот кредит за железницата, кој изнесува вкупно 800 милиони долари. Ќе се бара и дел од парите добиени од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) да отидат за потреби на буџетот.

Mladjan Dinkic

Млаѓан Динкиќ

Старата на новата влада во економската сфера и‘ остави уништени јавни финансии, мноштво непотребни институции и куп лоши законски решенија, вели за ДВ Александар Стевановиќ од Центарот за слободен пазар. Податокот дека пари во буџетот за плати и пензии има само до август покажува дека во првиот дел на годината се потрошило многу повеќе отколку што реално било можно:

„Значи, ако новата влада би сакала да биде разумна, таа би морала да каже дека Србија е на чекор до банкрот, дека сме трошеле повеќе отколку што сме можеле и дека може да ни биде само полошо ако се продолжи по овој пат. Значи единствена опција за Србија е да штедиме сите. Поточно, не сите, зашто луѓето во приватниот сектор штедат одамна, туку луѓето кои работат во државниот сектор и кои имаат примања од државата. И тие мора да ја споделат судбината со остатокот на општеството“, вели Стевановиќ.

Повторно задолжување

Ситуацијата којашто ја најавува Млаѓан Динкиќ, во која парите за инвестиции или од ММФ би се пренасочиле во буџетот, секако не е добро решение, предупредува Стевановиќ.

„Тоа не е добро решение и не можеме така да се покриваме, зашто наредната година нема да се случи ништо подобро. Србија ја спасува само штедење и реформи кои во некој рок од 3 до 4 години би не‘ извеле на ’зелена гранка’. Врз основа на изјавата дека мора уште да се задолжуваме, јас не гледам некоја голема решеност да се оди во тој правец и затоа стравувам дека нема да биде сторено доволно за намалување на потрошувачката.“

Belgrad Stadtbild

Србија мора да штеди

Се плашам дека доколку се продолжи со лажење на јавноста околу вистинската состојба на српската економија, ќе завршиме во грчка трагедија со полн капацитет, вели за ДВ Саша Џоговиќ од Институтот за пазарни истражувања. Тој додава дека Србија е практично веќе во банкрот. „Може да се каже дека Србија без помош на ММФ веќе сега се наоѓа во предфаза на тој банкрот. Зашто ако навистина не можете да ги подмирувате обврските кон сите буџетски корисници без дополнително задолжување, а ќе имате се‘ помалку кредитори кои ќе ви излегуваат пресрет, значи дека полека влегувате во фаза на банкрот. За да избегнете и формално влегување во фаза на банкрот, потребна ви е подршка од ММФ, кој би бил гарант на спроведувањето на некоја нова економска политика.“

Таа нова политика подразбира замрзнување на платите и пензиите на одреден период, реформа на јавниот сектор, намалување на неселективни субвенции, како и неизбежно зголемување на данокот на додадена вредност, вели Џоговиќ.

Поврзана содржина