1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Србија-Косово: „Сосема нормални разговори“

Заедничко управување со граничните премини, транспарентност во финансирањето на Србите од Белград, почеток на проект за изградба на автопат Ниш-Приштина. Ова се дел од резултатите од дијалогот Белград-Приштина.

Повеќечасовната работна вечера на српскиот и косовскиот премиер Ивица Дачиќ и Хашим Тачи со шефицата на европската дипломатија Кетрин Ештон е оценета како „отворен и искрен разговор“ за различни аспекти од односите меѓу Белград и Приштина. Првиот резултат од разговорите беше договорот од 10 декември да се почне со „пилот проекти“ за заедничко управување на двата гранични премини на северот на Косово.

Иако вели дека не е подготвена да разговара за „укинување на институциите“ на северот, српската страна се заложи за транспарентно финансирање на Србите на Косово. Договорено е и формирање на посебни косовски полициски сили, мнозински составени од косовски Срби, чија задача ќе биде обезбедување на српското културно и верско наследство во Косово.

Договорен е и почеток на изградба на автопатот Ниш-Приштина, но останува да се види дали ЕУ ќе биде финансиер на реализацијата на тој проект.

„Нашите отворени и искрени разговори се развиваа околу различни аспекти на нормализација на односите меѓу двете страни и двајцата премиери се обврзаа дека разговорите ќе продолжат“, се наведува во соопштението на кабинетот на Ештон.

Дачиќ подготвен за „конечно решение“

Косовскиот премиер Тачи по средбата ги нагласи конструктивноста на

Ivica Dacic in Brüssel

Ивица Дачиќ

состанокот и „релаксираната атмосфера“, додека Дачиќ ја подвлече меѓусебната конструктивност.

„До пред една недела беше незамисливо да разговараме на овој начин, а сега е тоа потполно нормално. Најважно е да нема еднострани акции, да се сочува мирот и да се води дијалог“, изјави српскиот премиер.

Иако прашањето за статусот на Косово не беше тема на овие разговори, а Приштина инсистира дека тоа нема ни да се случи, Дачиќ рече дека е подготвен да разговара и за „конечно решение“.

Од Европската комисија најавуваат дека, откако ќе видат одржлив напредок во резултатите од дијалогот, би можеле да препорачаат почеток на пристапни преговори на Србија со ЕУ.

Косовскиот премиер Тачи соопшти дека по имплементацијата на договореното ќе се премине кон разговор на нови теми, меѓу кои и за северот на Косово. Новата рунда од дијалогот меѓу Белград и Приштина е закажана за почетокот на декември.