1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Србија и Русија нема да го признаат Косово

Рускиот претседател Путин, на средба со патријархот на СПЦ Иринеј, порачал дека Москва и натаму на меѓународната сцена ќе го застапува ставот дека правно Косово е српска територија.

Како што информираше белградскиот весник „Вечерње новости“, Путин за време на средбата со Иринеј во Кремљ порачал дека Русија нема да го признае самопрогласувањето на државата Косово, кое настанало со кршење на резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН и на меѓународното право. Путин со српскиот патријарх се сретнал во четвртокот вечерта во Москва, пти што додал дека неговата земја ќе ги поддржува Србите во борбата за зачувување на територијата, населението и храмовите на Косово и Метохија. Патријархот Иринеј изјавил дека од разговорот со Владимир Путин добил впечаток дека тој е добро информиран за денешната состојба на српското и другото неалбанско население на Косово.

Србија преговара со ЕУ со сериозни отстапки

Serbien Kirche neuer Patriarch Irinej Gavrilovic

Патријархот на СПЦ Иринеј

Српскиот претседател Томислав Николиќ, пак, денеска изјави дека неговата земја е посветена на евроинтеграциите, но оти никогаш нема да го признае Косово. Според Николиќ, Србија од ЕУ очекува да остане статусно неутрална.

„Србија преговара со ЕУ под сериозни отстапки, но постојат прашања за кои нема преговори“, рече српскиот претседател.

Според него, „постои еден услов кој Европа се’ уште не и’ го поставила на Србија“, но одговорот на Србија на тој „непоставен услов“ е – „независноста на Косово нема никогаш да ја прифатиме“, рече Николиќ.

Тој денеска во Киев се сретна со украинскиот претседател Виктор Јанукович, заблагодарувајќи му се принципиелниот став на Украина во однос на косовското прашање, додавајќи дека Србија е должна да ги оправда залагањата и довербата од Киев.

Српскиот претседател рече и дека неговата земја е доведена во ситуација „да прави нешто што многу држави во светот не би го правеле“, односно да преговара со луѓе кои „незаконски прогласиле независност на дел од Србија“.

„Ние искрено влеговме во преговори со Косово и прифативме голем дел од реалноста што се случува таму. Сакаме сите на Косово да живеат подобро, како и конечно да ја востановиме заштитата на српската заедница на Косово и Метохија“, додаде Николиќ.

Putin und Dacic in Moskau 10.03.2013

Дачиќ и Путин фотографирани во март годинава во Москва

Дачиќ сака да гласа на изборите во Косово

Во истовреме, но од Белград, премиерот на Србија Ивица Дачиќ порача дека сака да гласа на косовските локални избори, закажани на 3 ноември.

„Сакам да гласам, бидејќи сум роден на Косово и Метохија и сакам да ми се овозможи тоа право“, рече Дачиќ на прес-конференција по повод годишнината од неговата влада. Тој притоа ги повика сите Срби со потекло од Косово да го направат истото, односно бегалците и раселените лица да гласаат на изборите. Дачиќ рече и дека целта во следниот период е Србија да стане следната членка на ЕУ, народот да живее подобро, а Србија да биде земја на правдата и еднаквоста пред законот.

„Нашата цел не е да ја зајакнеме сопствената политичка власт, туку да ја промениме Србија и да ја приближиме до стандардот и начинот на живот кој ќе значи дека Србија станала нормална земја во која нормално се живее“, рече Дачиќ.