1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Србија и Косово се договорија

Белград и Приштина постигнаа начелен договор кој до крајот на неделава треба да го одобрат владите на двете земји и за тоа да ја известат ЕУ. Тој ги опфаќа роковите и нештата кои треба да се завршат до крајот на годинава

Откако на 19. април постигнаа договор кој треба да води кон нормализација на односите на двете земји, а кој во најголем дел се однесуваше на положбата на српската заедница во Косово, премиерите Ивица Дачиќ и Хашим Тачи се усогласија и околу текстот на планот за спроведување на договорот во следните месеци.

„Во начелниот договор јасно се одредени учесниците и временските рамки за наредните шест месеци од имплементацијата. Договорот е целосно во согласност со решението од април, а би оценил дека дојде и до креативен ангажман на двете држави и влади“, изјави косовскиот премиер Хашим Тачи по завршувањето на трилатералните разговори кои ги водеше шефицата на европската дипломатија Кетрин Ештон.

Што е договорено?

Договорениот текст за „планот на примената“ се состои од неколку делови. Првиот подразбира  прилагодување на правната рамка на Косово во согласност со договорот од 19. април. Потоа следува дел кој се однесува на заедницата на српските општини на Косово која треба да биде формирана по одржувањето на локалните избори:

„Договорен е принцип кој ќе воспостави раководен тим кој ќе го сочинуваат претставници на четири општини од северот на Косово кој ќе работи на нацрт-статутот на заедницата, ќе предложи в.д. регионален полициски командир и ќе ги координира активностите додека не биде конституирана заедницата и нејзините органи“.

Дел од договорот се однесува и на обврската да се направи проценка колку лица од полицијата и од правосудството треба да бидат интегрирани, а таа интеграција треба да биде спроведена до крајот на годинава. Составот на полицијата ќе го одразува етничкиот состав, а правосудството, покрај Апелацискиот суд во општините со мнозинско српско население, ќе го опфати и целиот правосуден систем, ветува Дачиќ.

„Нашата цел е никој во Косово да не остане без работа што се однесува до српската заедница, и да се осигура безбедноста на правниот систем во кој ќе работат пред се' Срби, согласно на етничкиот состав на населението“, изјави српскиот премиер.

Белград тврди дека нема да престане финансирањето на Србите во Косово, но

Treffen Ashton, Thaci und Dacic

Ивица Дачиќ, Кетрин Ештон и Хашим Тачи

тоа во иднина ќе се прави транспарентно.

Ештон изјави дека до крајот на неделава очекува повратен одговор од владите во Белград и Приштина, кои треба да го разгледаат и да го прифатат или да го одбијат планот од Брисел. Двете страни оценуваат дека договорот за имплементација е важен како за нормализација на односите, така и во контекст на донесувањето на одлуката на Советот на ЕУ во јуни.

„Не се работи за тоа дека се' треба да се заврши до одлуката на Советот на ЕУ за датумот, туку е битно преку усогласениот текст да се потврди дека сите имаат сериозна намера да го спроведат потпишаниот договор“, вели Дачиќ.