1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Србија и Косово блиску до договор за Договорот

ЕУ верува во посветеноста на премиерите на Србија и Косово договореното во април да го спроведат на дело. Состанокот за изработка на планот на имплементација на „бриселскиот договор“ продолжува и денеска

Иако во канцеларијата на Кетрин Ештон објаснуваа дека шефицата на дипломатијата ЕУ во среда има пребукиран распоред, бидејќи учествува на Самитот на лидерите на ЕУ каде поднесува извештај за состојбата во Сирија, високата претставничка уште еднаш покажа дека состојбата на Западниот Балкан и е во фокусот и наоѓа време во време на самитот да учествува на продолжените преговори меѓу Белград и Приштина.

Првиот ден од разговорите на двајцата премиери за примената на Договорот од април, што во најголема мерка се однесува на формирањето на заедницата на српските општини во Косово, според зборовите на Хашим Тачи донел конструктивна атмосфера и оптимизам.
„Мислам дека овој состанок ќе заврши со договор за имплементација врз основа на Договорот од април. Овој договор ќе помогне во нормализација на односите меѓу двете земји, но и за европската перспектива на двете земји“, рече косовскиот премиер.

ЕУ: имплементацијата да почне пред јуни

Од српската делегација порачуваат дека се разговара за договореното во

Protest gegen Kosovo-Abkommen in Belgrad

Протести во Србија против договорот со Косово

областа на полицијата и правосудството како и за прашањето за функционирањето на заедницата на српски општини, која треба да биде конституирана по изборите во Косово, но прашање е како ќе функционира во меѓувреме. Белград укажува и на потребата од промена на законодавството во Косово за да се имплементира договор за нормализација на односите.

И Ивица Дачиќ како и Тачи смета дека нема време за губење. „Доколку Србија сака да добие датум за почеток на пристапни преговори, мора да постигне договор за имплементација до крајот на неделата“.

Во Брисел очекуваат со примената на договорот на терен да се започне пред јуни. Кетрин Ештон сака в понеделник (27.05) да ги извести шефовите на дипломатиите на ЕУ за напредокот во разговорите. Веќе на 28 мај, треба да се донесе одлуката дали на Србија ќе и се одобри почеток на преговорите за членство, а на Косово отворањето на Договорот за стабилизација и асоцијација.