1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Србија е повторно без претседател - и третиот обид не привлече доволно гласачи

Претседателските избори во Србија пропаднаа - излегоа само 39, 6 од избирачите - ова одвоено го соопштија државната изборна комисија и невладината организација Центар за слободни избори и демократија. За успех на гласањето беше неопходино учество на 50% од вкупниот број 6,5 милиони луѓе со право на глас. Овој број е далеку помал и од оној од минатиот октомври и деќември кога претседателските избори пропаднаа од иста причина. И овојпат најслаб одsив има меѓу Србите на Косово, а најголем во Војводина. Најголем број од гласовите освои претседателскиот кандидат на радикалната партија Томислав Николиќ - конечните резултати ќе бидат познати околу среда-но првичните покажуваат дека добил поддршка од 46.4 гласова. 35,3 проценти доби кандидатот на демократската опозиција на Србија Драгољуб Мичуновиќ. И тука е евидентна разликата - Николиќ доби убедлива поддршка на Косово, Мичуновиќ во Војводина. Николич голем дел од успехот му го припишува на лидерот на партијата Воислав Шешељ кој се наоѓа во хашкиот трибунал:

"Порастот на нашата популарност годинава интензивно започна со одењето на нашиот лидер во Хаг. Поради фактот дека ДОС одамна ја заврши својата улога на српската политичка сцена, но насила останува на власт, на изборите не излегоа доволно избирачи за да бидам избран за претседател на Србија, но успехов на српската радикална партија и даде крила за претстојните парламентарни избори", потенцира Николич.

Претстојните предвремени парламентарни избори закажани за 28 декември се одлучувачки и за кандидатот на ДОС, Миќуновиќ, но тој ги критикува Демократскиот сојуз и Г17 кои ги бојкотираа овие избори.

"Ни претстојат нови избори, а сега сите партии треба да извлечат поуки од овие. Поуки треба да извлечат и оние кои сметаат дека нечив неуспех е нивен успех. Но, ова е неуспех за Србија", прокоментира Мичуновиќ.

Од друга страна политиколозите и правниците во Белград укажуваат на правните и уставните недоумиците во врска со функционирањето на државата бидејќи парламентот се распушти, а претседател не е избран. Но, премиерот Живковиќ најави дека ниту сега нема да биде испочитуван ракот од два месеца за распишување на нови претседателски избори:

"Не би навлегувал во експертската дебата кој и кога треба и може да ги распише новите претседателски избори, очигледно е дека за тоа мора да ги почекаме парламентарните па по нив да следат претседателските избори. Аналитичарите победата на радикалите ја гледаат во дисциплината на нивното гласачко тело, а Николич: "Мојата вечерашна победа е знак дека во Србија победувауат патриотските сили, оние на кои земјата им е над се во животот, победува антихашкото лоби. Ова е јасна порака на српските граѓани. Никој не смее да ги понижува.Јас ветив дека ако станам претседател или ако победиме на парламентарните избори ниеден Србин нема веќе да оди во Хаг", изјави Николиќ. Мичуновиќ се проценува дека ја платил цената на реформите во земјата кои не се многу популарни, но тој не отстапува од демократските определби и евроинтеграцијата.