1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Србија го парафира договорот за стабилизиација и асоцијација

*

ЕУ и Србија денеска го парафираа договорот за стабилизација и асоцијација. Спогодбата ја парафираа европскиот комесар за проширување Оли Рен и српскиот потпретседател на владата Божидар Ѓелиќ. На церемонијата присуствуваше и ссрпскиот претседател Борис Тадиќ кој изјави дека договорот е големо признание за Србија и доказ дека таа има капацитет да стане полноправна членка на ЕУ. Оли Рен, вчера рече дека одлуката на Комисијата е донесена по разговорот со хашката обвинителка Карла Дел Понте за сорабтката на Србија со трибуналот за воени злосторства. Рен притоа нагласи дека договорот ќе биде потпишан откако Србија целосно ќе ја заокружи соработката со Хаг.