1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Србија: Говорот на омраза преселен на интернет

Говорот на омраза веќе не е е дел од официјалната и медиумската политика во Србија, но примери на говор на омраза се' почесто се селат на интернет. Мислење на молчеливото мнозинство или негативни чувства кај поединци?

Србија веќе не е место во кое политичките службеници го поттикнуваат и поддржуваат говорот на омраза, но тој вид негативен дискурс не го снема од јавниот живот. Српскиот парламент и понатаму е место каде повремено може да се слушне говор на омраза, а тој вид јавно обраќање не исчезна ни од традиционалните медиуми во Србија. Повици на насилство, етничка омраза, ксенофобија, закани кон националните и сексуалните малцинства, сепак се' повеќе место пронаоѓаат на интернет, поточно, на разни форуми, социјални мрежи и на страниците на медиумските куќи.

Шупливи законски прописи

Законските одредби кои би требало да се позанимаваат со говорот на омраза на интернет не се потполни, истакнува за ДВ Милан Антонијевиќ, директор на Комитетот на правници за човекови права (ЈУКОМ). Постојат одредби за Законот за јавно информирање, како и во Законот за забрана на дискриминација, кои за тоа зборуваат, но овде и понатаму не е регулирано прашањето за интернет медиумите, вели Антонијевиќ.
„Она што претставува посебна тешкотија се коментарите кои се наоѓаат на одделни страници и кои во најголема мерка содржат говор на омраза и повикуваат на насилство. А на тие појави по постоечките законски одредби може многу тешко да се реагира и тешко дека може да се повикаат на одговорност уредниците кои таквите коментари не ги бришат од своите страници.“

Интернетот не трпи се'

Das Serbische Parlament verurteilt das Massaker in Srebrenica

Испади на говор на омраза се' уште има во српскиот парламент



Најдрастични примери на говор на омраза на интернет се оние во кои се повикува на директно насилство и пресметка со поединци, а забележано е дури и објавување адреси на активисти за човекови права, предупредува Антонијевиќ:
„Тоа се директни повици за насилство, директен повик на линч, и тие го заслужуваат целосното внимание на полицијата и обвинителството. Се надеваме оти јасното забележување на овие појави ќе биде јасна порака на државата дека тоа нешто ќе се спречи. Луѓето мораат да бидат свесни за тоа дека се' што поставуваат на интернет може да биде предмет на некоја постапка а особено кога целото ова подрачје ќе се уреди на соодветен начин.“

Селење на омразата на интернет

Милан Антонијевиќ при тоа истакнува дека не мисли оти она што може да се прочита во коментарите кои содржат говор на омраза, е всушност мислење на некое тивко мнозинство во Србија, туку дека е тоа пред се' став на поединци кај кои премногу преовладале некои страсти. Слично мислење има и Драган Попадиќ, социјален психолог. Попадиќ за ДВ вели дека говорот на омраза е само поместен онаму каде е помалку казнив, а неговото влјание поголемо- а тоа е интернетот:
„Значи, не мислам дека тоа го шири голем број луѓе. Меѓутоа, тука постои повторно таа опасност другите да го прифатат тоа како нормално и како некоја вообичаена пракса. По принципот “зошто да не“, ако се воздржуваат во секојдневната комуникација од навредување, кавги и слично, интернет комуникацијата им изгледа како некое место каде е тоа дозволено.“

Медиумите го охрабруваат говорот на омраза

Драган Попадиќ вели дека е тешко да се направи некој прецизен психолошки портрет за луѓето кои го шират говорот на омраза на интернет: „Значи, она што ги карактеризира нив е екстремно негативен став кон она за кое зборуваат. Истовремено, тие имаат еден крајно нетолерантен однос, некултура, како и да го наречеме тоа, кон другите, особено кон неистомислениците.“
Не може да се каже дека сите медиуми пуштаат говор на омраза во своите коментари, обрнува внимание Антонијевиќ. „Има медиуми кои се занимаваат со модерирање и бришење на коментарите кои содржат говор на омраза, но се' уште постојат и бројни медиуми кои тоа не го прават“, вели Антонијевиќ.