1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Србија: „Вучиќ сака да излезе од скутот на Николиќ?“

Во Србија ќе се одржат предвремени парламентарни избори. Српската напредна партија (СНС) се обидува да го искористи најповолниот момент за зацврстување на власта?

Политичката криза и споровите, кои практично траат од формирањето на новата влада во јули 2012. година, резултираа на крајот со одлука за нови избори. Граѓаните на Србија повторно ќе гласаат најверојатно на ист ден на вонредни парламентарни избори и на изборите во Белград на 16. март. По почетокот на преговорите за членство со Европската унија како и продолжувањето на дијалогот со Приштина, имаше гласови кои предупредуваа дека тоа може да ги загрози двата процеса, меѓутоа одлуката за избори беше донесена.

Актуелниот прв потпретседател на Владата и лидер на СНС, Александар Вучиќ, одлуката ја образложи со потребата неговата партија да добие полн мандат од граѓаните. Вучиќ истакна дека не се согласил да ја преземе премиерската функција од Ивица Дачиќ, лидерот на Социјалистичката партија на Србија (СПС), без избори.

Serbien Tomislav Nikolic Archiv 2012

Александар Вучиќ и Томислав Николиќ

Вучиќ секако има причини за оптимизам, бидејќи сите истражувања покажуваат дека неговата партија би можела да добие дури и околу 50 проценти гласови на изборите. СПС од своја страна вали дека за нив нема подобар момент да излезат на избори. Опозицијата пак оценува дека одржувањето предвремени избори се израз на немоќ и дезориентираност на владејачката коалиција, како и дека изборите се потврда, дека владата лошо работи.

Мотиви за вонредни избори на прв поглед немаше. Стабилно парламентарно мнозинство, пораст на рејтингот на владејачките партии, раскарана опозиција, сето тоа беше против избори. Меѓутоа, како што за ДВ вели политичкиот аналитичар Ѓорѓе Вукадиновиќ, единствен вистински мотив за избори е желбата на Александар Вучиќ да добие легитимитет за својата политика на избори. Досега тоа беше, условно речено, негова приватна политика, за која немал мандат ниту од избирачите, ниту од својата партија, вели Вукадиновиќ: „Уште поконкретно кажано, причината за овие избори е еманципација на Александар Вучиќ од Томислав Николиќ и излегувањето од неговиот шинел или скут. Бидејќи сѐ досега, моќта која ја имаа Вучиќ и СНС беше последица од победата на Томислав Николиќ над Борис Тадиќ на претседателските избори.“

За Вучиќ очигледно порастот на личниот и на рејтингот на партијата, заедно со вестите за почеток на преговорите со ЕУ, се доволен капитал да се впушти во авантура за нови избори. Според Вукадиновиќ, сите приказни за потребите за забрзување на реформи како причина за распишување на избори се најобични изговори.

Неодолив предизвик

Меѓутоа, како што предупредува професорот на Факултетот за политички науки Зоран Стојиљковиќ, актуелната власт практично залудно ги потроши изминатите година и половина. „Тоа време првенствено го минавме во бесконечна реконструкција на владата, а потоа веднаш се тргна со прказната за избори“, вели Стојиљковиќ. „Тоа значи дека во оваа кампања власта ќе се однесува како опозиција, правдајќи се дека кратко биле на власт, и дека за тоа кратко време ги поправале грешките на претходната власт.“

Вкупно, ако се посматра од агол на власта, ова е речиси идеален момент за распишување избори, додава Стојиљковиќ: „Прашање е дали со продлабочување на рецесијата, неопходните отпуштања и зострувањата кои ги покажуваат и протестите на синдикатите за работничкото и социјалното законодавство, воопшто ќе има така поволна позиција за рачиси сам да се биде на власт, и на ваквиот вид предизвик речиси не можеше да му се одолее“.

СПС вон наредната влада?

Бројни аналитичари веќе наведоа дека Србија и по новите избори повторно ќе добие влада од партиите СНС и СПС. За разлика од некои минати избори, во овие влегуваме речиси без дилема кој ќе победи на нив, смета Вукадиновиќ. Овде е прашање кого СНС ќе повика на власт, и дали за тоа на партијата ќе ѝ биде многу потребно. Во таа смисла мислам дека СПС има илузија дека секако ќе се најде во наредната влада, напоменува Вукадиновиќ, бидејќи изборите би биле трошење на време и пари само да се ротираат Вучиќ и Дачиќ.

Dragan Djilas Demokratische Partei Serbien in Brüssel 26.11.2013

Неподготвена опозиција - лидерот на ДС, Драган Ѓилас

„Така што мислам дека шансите СПС да се најде во идната влада не се големи, само ако Вучиќ би правел широка влада за промена на Уставот, па можеби тогаш во таква поширока варијанта СПС би можел да смета на екологија или на некое друго помалку атрактивно министерство. Затоа не верувам дека сѐ ќе остане исто со просто ротирање на Вучиќ и Дачиќ, и затоа мислам дека во наредната влада нема да го гледаме СПС, освен како некој посреден играч“.

Опозицијата целосно неподготвена ги дочекува вонредните избори и околу тоа нема никој дилеми. Опозицијата никогаш не била послаба, оценува Вукадиновиќ и прашање е кој воопшто е опозиција од оние кои себеси така се нарекуваат. Во овој момент единствена вистинска опозиција се ДС и Драган Ѓилас, вели Вукадиниовиќ. Сите останати помалку или повеќе отворено ѝ се нудат на СНС, и од нив може да се очекува да водат кампања „како што помалку да се замериме со Алексадан Вучиќ“, за да се најдеме како коалициони партнер во идната влада, нагласува Вукадиновиќ.