1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Србија бара ОН да ја „вразумат“ Приштина

Шефот на српската дипломатија Вук Јеремиќ во писмо до генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун, бара преземање неопходни мерки за да се спречат еднострани акции на Приштина, во спротивно се загрозува тековниот дијалог.

default

Српскиот министер за надворешни работи Вук Јеремиќ

„Ги повикувам ОН да ги преземат сите неопходни мерки за да спречат каква било акција која нема да ја одобрат вршителот на должнот специјален претставник на генералниот секретар или Советот за безбедност“, се наведува во писмото.

Јеремиќ потсети на низа официјални најави на приштинските власти, дека утре, на 16 септември, планираат еднострано да наметнат царинска и гранична полициска контрола на административните премини меѓу северно Косово и централна Србија.

Според Јеремиќ, Србија добила известување дека КФОР и ЕУЛЕКС планираат да ја олеснат операцијата што, како што истакна, би претставувало тешко кршење на нивниот статусно неутрален мандат по резолуцијата 1244 на СБ на ОН.

„Одговорноста за последиците ќе припадне на властите во Приштина и на оние кои имаат мандат и капацитет да ги спречат. Не смее да се повтори неактивноста од 25 јули, кога меѓународната заедница не успеала да го спречи неовластениот упад на Приштина на северот на Косово“, наведе шефот на српската дипломатија.

Автор: ЖА/ БГ/ миа/ бета

Редактор: Александра Трајковска