1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Србија - апсења

Полицијата во Крушевац денеска уапси 27 српски екстремисти. Лицата носеле црни маици со апликации Единица за специјални операции – ЈСО. Тоа беше симбол на распуштената полициска единица, чии припадници се обвинети за убиството на српскиот премиер, Зоран Џинџиќ во 2003 година. Белградските медиуми јавуваат дека против уапсените ќе бидат подигнати обвиненија. Уапсените присуствувале на основањето на ”Гардата на светиот цар Лазар” која има за цел да спречи независност на Косово. Цар Лазар загинал во борбата против Турците на Косово поле во 1389 година.