1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Србите во Македонија меѓу желбите и реалноста

Србите во Македонија ги мачат истите проблеми со кои се судираат сите граѓани - невработеност и беспарица, но имаат и дополнителни проблеми што се поврзани со нивниот културен и национален идентитет.

default

Во Македонија, според последниот попис, живеат 35.000 Срби

Дваесет и седумгодишниот професор по книжевност Милутин Станчиќ е типичен пример на новата генерација млади српски интелектуалци во Македонија - образуван, елоквентен и аполитичен.Чиста спротивност на српските политичари од минатото. Единствен недостаток му е што е невработен, а тоа повторно го поврзува со својата политичка неутралност:

„Имам завршено македонска книжевност и српски јазик и немам можност да го работам тоа за што завршив. Работа чекам веќе седум-осум години, работев во МРТВ, во редакцијата на српски јазик, но од политички причини оттаму бев избркан затоа што не сум член на ниту една партија, а не можам да работам ниту во училиштата со настава на српски јазик, ниту на катедрата за српски јазик на факултетот. Мислам дека не сум погоден за овој систем и за актуелните релации што завршуваат со партиски комбинаторики“, вели овој млад човек.

Да се воспостави линк

Станчиќ е претседател на културно-информативниот центар на Србите во Македонија „Спона“, што го издава списанието „Слово“, го има единствениот интернет-портал на Србите во Македонија , преку кој се организираат и настапи на уметници од Србија, а од летово организира и едукација на деца на српски јазик во Македонија.

„Се трудиме да го воспоставиме линкот кон српската заедница затоа што луѓето се разочарани од политичките партии и злупотребата на национало ниво. „Спона“ постои од 2005 година и се трудиме да најдеме вистински модел да се задоволи

Mazedonien Tafel

Образованието, заштита на историскиот и културниот национален идентитет и зачувување на мајчиниот јазиксе најголемите проблеми на Србите во Македонија

етничката српска заедница, но и да најдеме мост за соработка меѓу македонскиот и српскиот народ, пред се‘ во културната сфера“, вели Станчиќ.

Во Македонија, според последниот попис, живеат 35.000 Срби, а најмногу се концентирани во Скопје, селата на Скопска Црна Гора и кумановските села кон границата со Србија. Србите во Македонија се доминантно население во две општини - Чучер Сандево и Старо Нагоричане. Имаат и пратеник во македонскиот парламент.

Дали е тоа доволно за оваа заедница да смета дека располага со своите малцински права, загарантирани со Уставот? Велат, генерално не.

„Клучните проблеми ни‘ се создадоа во областите кои ни‘ се најзначајни, а тоа се образованието, заштита на историскиот и културниот национален идентитет и зачувување на мајчиниот јазик. Го минавме трновитиот пат и сега го вративме српскиот јзик во училиштето во Кучевиште, ја формиравме редакцијата на емисијата „Видик“ на МРТВ и постепено навлегуваме во активностите во културната сфера, иако тоа, до пред распадот на Југославија, постоеше со децении“, вели Дејан Кошутиќ делегат на Србите од Македонија во Собранието на српската дијаспора и Србите во регионот.

Но, и тука, во стекнатите права, посебно во образованието, сега има проблеми.

„Само заради евроинтеграциските процеси Македонија тоа формално го задоволува. Постои законска основа, но нема учебници на српски јазик, или за дел има, за дел не. Знам дека директорите и наставниците мака мачат како да изведат настава на српски јазик од која било област, а тоа е проблем што трае со години“, вели Станчиќ.

Невработеноста и локалниот развој - најголеми проблеми

За Србите, посебно во двете општини со доминатно население, најголем егзистенцијален проблем е вработувањето и локалниот развој.

„Тие општини се постојано маргинализирани. Сега нешто

Mazedonien - Land und Leute

се подготвува со европските фондови, но и тука општините сами треба да привлечат пари. Инаку, не знаме како ќе го покренат развојот, бидејќи ниту една влада досега, во овие 15-20 години, не може да се пофали, или да каже дека направила нешто за општините Чучер Сандево и Старо Нагоричане“, вели Кошутиќ кој дополнува дека во нив, сепак, има можности за развој на аграрот, селскиот туризам, мало стопанство, а како гранични општини имаат и можности за прекугранична соработка.

Србите, генерално, не се задоволни ниту од тоа како државата им ги чува спомениците, како и од негувањето на верските права. Како пример, за нивната културна и национална маргинализација тие го наведуваат проектот „Скопје 2014“.

„Не знам, можеби некој ден ќе бидеме информирани за споменик на цар Душан или барем на Камениот мост да постават некоја табла дека е тоа мостот што го изградил цар Душан, или дека на Калето е крунисан цар Душан. И тоа нема да чини многу пари, а ќе биде придонес за српската заедница во Македонија во зачувувањето на нејзиниот национален и културен идентитет“, објаснува Кошутиќ.

Автор: Сашко Димевски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска