1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Срамен е ставот на Западот кон бегалците!

Ширум светот денес има меѓу 9 и 25 милиони бегалци – веќе според тоа како ќе го дефинираме овој поим. Тие бараат помош и заштита пред се‘ во богатите индустриски земји, но таму се токму најмалку добродојдени. Тоа е срамен факт – оценува Хеле Јепесен во коментарот по повод меѓунадониот Ден на бегалците.

Узбекистански бегалци во Киргизија

Узбекистански бегалци во Киргизија

Бегалец е лице кое се наоѓа надвор од својата татковина и тоа поради оправдан страв од прогон врз основа на неговата расна, национална или религиозна припадност или пак членување во определени социјални или политички групи. Тоа лице не може да добие соодветна заштита во татковината и во случај на враќање може да го снајде прогон.

Оваа дефиниција од Женевската конвенција донесена во 1951-та година, минатата година се однесуваше на 9,2 милиона лица. Ако од дефиницијата меѓутоа се извади делот кој вели „надвор од нивната земја„ тогаш бројот лица на кои им е потребна помош веднаш се зголемува со невидена прогресија. Заедно со ваквите внатрешно раселени лица, како што ги нарекува меѓународната заедница, ширум светот тогаш има меѓу 20 и 25 милиони во бегство.

Што прават развиените индустриски земји, кои инаку се сметаат за предводници и примери за полето на демократијата, заштитата на човековите права и слободата на јавното мислење? Тие најмногу се бранат од напливот бегалци! На Германија може да и‘ служи на чест што во мигов им дава заштита на 877.000 бегалци, што е во споредба со САД двојно повеќе. Но, ако бројката се спореди со многу посиромашните земји, тогаш за ловорики има малку место: во Иран има еден цел милион бегалци, претежно од Авганистан; во Пакистан исто колу еден милион; во Танзанија преку 600.000. Овие бројки во принцип би требало да ги засрамат богатите држави од Западот. Но, од таква појава нема ни најмала трага. Напротив, тие вложуваат големи напори да го затворат границите уште подобро. Така во Средоземното море постојано страдаат бегалци кои се обидуваат во мали бротчиња да дојдат во богатата и ветена Европа. Колкав е реалниот број веројатно никогаш нема ни да дознаеме.

Често повторуваниот аргумент на богатите земји дека не станува збор за политички, туку за економски бегалци, кои сакаат да профитираат од повисокиот животен стандард, делува многу цинично! Тоа изгледа како некој да тврди оти надешта на малку подобра перспектива претставува сушт криминал. Но, впрочем да не се расправаме попусто околу нив, та развиените земји прават се да се отарасат и од „правите„ политички бегалци. Нив ладнокрвно ги враќаат во трети земји преки кои допатувале на богатиот Запад, а кои важат како сигурни. Таму требало веќе да поднесат барање за азил, а не кај нас – порачуваат индустриските земји.

Срамот на богатите е уште поголем ако се погледаат и финансиските средства што се издвојуваат за згрижување на бегалците. Кога во меѓународните медиуми ќе се појават шокантни слики од суданската покраина Дарфур, на пример, тогаш западните политичари веднаш ветуваат „кули и градови„. Но, кога ветувањата наменети на зголемувањето на политичкиот рејтинг кај домашната и странската јавност треба да се остварат – е, тогаш се случува следново. Од ветените 30 милиони долари за Дарфур, уплатени се до сега само срамни 1,5 - тврдат бројките на Комесаријатот за бегалци на ОН. Колкава духовна сиромаштија владее всушност во материјално богатите земји на нашава Планета!