1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

„Срамежливи и асексуални“

Што мислат доселеничките во Германија за германските мажи? Тие се во ред, но му содвтствуваат на клишето што важи за нив - тоа барем го тврдат три жени, со кои поразговара Симоне Шмолак.

default

Лизбет Еспендру доаѓа од Куба. Мажена е со Германец, има 35 години и работи како дизајнерка. Во Германија живее од 1995 година:

„Многу кубански жени кои се во брак со германски маж и со него дошле во Германија, тврдат дека тука нивниот сопруг е многу поинаков, од оној кој го сретнале во Куба. Во Германија мажот мора да работи многу, тој е сериозен и напнат. Освен тоа тој е многу скржав. Во Куба тој беше сосема спротивното: многу се смееше и уживаше во животот. Неговиот живот беше одмор. Многу германски мажи очигледно се грижат за иднината. Не работат за да

Symbolbild Gehaltserhöhung / Lohnerhöhung

уживаат во заработените пари, туку штедат за пензија, за куќа, за социјално осигурување. Тоа нервира по малку! Скржавоста ги прави мажите многу непривлечни. И згора на тоа одвоените сметки: многу е непријатно кога во ресторан секој да плаќа за себе. Такво нешто никогаш не би допуштил некој кубански маж.

Германските мажи понекогаш изгледаат асексуално. Првпат кога се вратив дома, откако пред неколку години се преселив во Берлин, па се прошетав по улиците на Хавана, мажите свиркаа по мене. Бев сосема изненадена и помислив: какви мачо типови се тоа? Заборавив дека свиркањето е нормално во Куба, дека тоа е начин како мажите покажуваат дека ценат некоја жена и со тоа и' покажуваат дека е убава. Некои коментарите на кубанските мажи навистина ми пречат, бидејќи се многу недолични - таквите се разбира не ми недостасуваат во Германија. Овде свиркањето се избегнува, важи за израз на сексизам. Од друга страна, германските мажи знаат да бидат многу срамежливи: ќе се заљубуваат во некоја жена и не знаат како да и' пристапат. Понекогаш се навистина невешти, бидејќи не знаат јасно да кажат што сакаат. Попрво не прават ништо, отколку да направат грешка“ - појаснува 35 годишната дизајнерка Лизбет Еспендру од Куба.

На наредната страница прочитајте за искуствата на една Полјачка