1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

СП 2014: Германците сами го градат својот хотел!

Станува збор за единствена акција. Германската фудбалска репрезентација на Светското првенство во Бразил го гради своето сместувалиште. Луксузниот центар со 13 куќи би требало да биде подигнат во сојузната држава Бахија.

Германија во потфатот за освојување на четвртата титула на светски првак ќе тргне од „сопствен“ хотел. Според пишувањето на германскиот весник „Билд“, Германскиот фудбалски сојуз во Санто Андре во сојузната држава Бахија ќе изгради целосно нов комплекс со 13 куќи во кои во текот на Светското првенство ќе бидат сместени играчите, тренерите и придружниот персонал.

На влезот во кампот кој наскоро би требало да биде изграден, уште сега може да се види германското знаме и три ѕвезди, кои симболизираат три освоени првенствени титули.

Милионскиот проект, според „Билд“, финансиски ќе го поддржува и реализира стопанственик од Минхен, а спонзорите на Германскиот фудбалски сојуз ќе помогнат исто така.

Изградбата на сместувачки капацитети од страна на некоја репрезентација на голем фудбалски турнир не е вообичаена работа.

Во близината на планираниот комплекс е предвидена градбата и на фудбалски стадион и прес центар со придружна инфраструктура.

„Тоа ќе успее, сигурен сум стопроцентно“, вели Зигфрид Михлер, бразилски хотелски менаџер кој потекнува од Германија.

Германскиот селектор Јоахим Лев уште по извлекувањето на двојките за СП, изјави дека изборот на објектот каде ќе биде сместена германската репрезентација е клучен за успехот на турнирот. Лев со денови одолговлекуваше со објавувањето на името на хотелот и населбата за која се решил. Германија во својата група ќе игра со репрезентациите на Португалија, Гана и САД.