1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

СПЦ: Контроверзниот владика е разрешен

Саборот на Српската православна црква денеска (29.05) ја усвои одлуката на Синодот на СПЦ со која епископот зворничко-тузлански Василије (Љубомир Качавенда) конечно и трајно се разрешува од таа должност.

Портпаролот на Српската православна црква, владиката Иринеј, изјави дека местото каде што во иднина ќе престојува Љубомир Качавенда (на фотографијата) ќе биде дополнително одредено. Иринеј не ја прецизираше причината за разрешување на епископот.

Синодот на СПЦ на крајот на април ја усвои оставката на епископот Василије (Љубомир Качавенда), која тој ја поднесе наведувајќи дека се повлекува од здравствени причини. Истовремено, медиумите пишуваа за неговите наводни сексуални скандали со момчиња и објавуваа видео снимки на коишто, како што се тврдеше, се наоѓа Василије. Спорните снимки, според пишувањето на одредени медиуми, му биле предочени на Светиот синод на Српската православна црква уште во ноември минатата година.