1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Спуштена завесата на фудбалската сезона во Германија

Возбудливо последно коло од овогодинешните натпревари во фудбалската Бундеслига. Крајот на првенството донесе разврска во горниот дел од табелата, со оглед што на две кола пред крајот веќе беа познати фенерџиите кои се селат во втората лига, Бохум, Ханза и Фрајбург.

Баерн Минхен со победа ја заокружи шампионската сезона. Михаел Балак

Баерн Минхен со победа ја заокружи шампионската сезона. Михаел Балак

Вердер од Бремен во последен момент, со триумф на гости против Кајзерслаутерн од 2:1 се искачи на третата позиција која води во квалификации за лигата на шампионите, со што им ги расипа сметките на Херта и Штутгарт, кои немаа доволно сили во завршницата.

Вердер од Бремен во последен момент, со триумф на гости против Кајзерслаутерн од 2:1 се искачи на третата позиција која води во квалификации за лигата на шампионите, со што им ги расипа сметките на Херта и Штутгарт, кои немаа доволно сили во завршницата.
Штутгарт на домашен терен загуби од шампионот Баерн, со 3:1, Херта дома одигра без голови против Хановер.

Врвот на табелата по последното 34 коло е следен

Баерн со 77 освоени бодови ја освои деветнаесетата титула, Шалке со победата на гости ротив Фрајбург го осигура второто место со 63 бодови, ова се двата тима кои директно обебзедија пласман во Лигата на Шампиони, Вердер е трет со 59 бодови, следуваат Херта и Штутгарт со по 58 и Баер Леверкузен со 57 бодови кои наесен ќе се натпреваруваат во Купот на УЕФА.

Бохум, Ханза и Фрајбург како што рековме се тимовите кои годинава се селат во понизок ранг, втората Бундеслига, од каде во старото друштво како шампиони се враќаат фудбалерите на Келн кои на најдобар можен начин ја завршија сезоната, со 4:0 на домашен терен го декласираа директниот конкурент за врвот Дуизбург. Ајнтрахт од Франкфурт со триумфот против Вакер од Бургхаузен го фати полседниот воз со што им се приклучи на Келн и Дуизбург кон елитата.

Во овој спортски блок секако и за автомобилизмот, односно шампионатот во формула еден. Викендов на програмата беше трката за големата награда на Монако, чија разврска ветува возбудлива сезона.

Најдобро низ улиците на Монте Карло, возеше пилотот на Мекларен Мерцедес финецот Кими Раиконен, кој со вчерашниот триумф по четврти пат славеше со шампањско в рака, втор пат едноподруго во сезонава.

Раиконен или како што го нарекуваат студениот Финец од самиот почеток, стартуваше од пол позицијата, па за време на целиот тек на трката рутинирано и сигурно ниту во еден момент не дозволи да биде загрозен.

Второто место место во Монте Карло го освои возачот на БМВ Вилијамс германецот Ник Хајдфелд, трет низ целта мина неговиот клупски колега Марк Вебер. Водечкиот во генералниот пласман, Фернандо Алонсо заврши како четврт, петти беше Хуан Пабло Монтоја, бодови уште освоија и браќата Шумахер Ралф и Михаел на шестото односно седмото место и клупскиот колега на актуелниот шапион, Рубенс Барикело, кој заврши како осми.

Трката предвреме заврши за двократниот победник во Монте Карло, Дејвид Култхард се откажа по судирот со Михаел Шумахер. Инцидентот го предизвика возачот на Минарди Кристијан Алберс кој претходно удри во заштитната ограда.

Фернадо Алонсо во генералниот пласман останува лидерската позиција со 49 бодови. Кими Раиконен со вчерашниот триум се искачи на втората позиција со 27, трет е Јарно Трули од Тојота со 26 бодови . Во пласманот на конструктори убедливо прв е тимот на Рењно со 63 бодови, втор е Мекларен Мерцедес со 53, по што следуваат Тојота со 43, Вилијамс БМВ со 35, Ферари со 21 бод.