1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Спроти предвремените избори во Германија - опозицијата во водство

Најновите анкети на јавното мнение на само три недели пред предвремените избори во Германија покажуваат дека партиите на опозицијата и понатаму убедливо водат пред оние од актуелната владеачка коалиција. Според нив, ЦДУ, ЦСУ и Либералите би освоиле 49% од гласовите, одека СПД и Зелените би дошле до најмногу 39%.

Лидерот на опозицијата Меркел со најблиските соработници

Лидерот на опозицијата Меркел со најблиските соработници

Ваквите резултати се смирувачки за политичарите на опозиционата Унија:

„Цврсто сум уверен дека ЦДУ, ЦСУ и Либералите ќе формираат нова влада. Имаме стабилно мнозинство од 42% плус 7% на Либералите, тоа се 49 до 50 проценти - значи стабилно мнозинство„ – порача еден од врвните политичари на Христијанските демократи Кристијан Вулф, кој е премиер на покраинаската влада за Долна Саксонија.

Неговото мислење меѓутоа не го делат сите во опозициониот блок. Причина за засилување на кампањата, наместо удобно опуштање, дел од политичарите на опозицијата гледаат поради опасноста од евентуално здружување на силите од левиот спектар. На ново формираната партија на Левицата, на чело со поранешниот претседател на СПД, Оскар Лафонтен, имено, анкетите и‘ даваат 9 проценти од гласовите. Доколку и таа би се приклучила во коалиција со СПД и Зелените, тогаш се‘ на се‘ тие би имале вкупно 48% - што е само еден процент помалку од билансот на опозицијата.

„Во меѓувреме знаеме дека мораме да вложиме уште напори. Тоа некои веќе сето време го зборуваат, особено лидерот на ЦДУ, Ангела Меркел. Ништо не е само по себе разбирливо и ние мораме да се бориме и веруваме оти можеме да победиме„ – порача секретарот на собраниската група на опозицијата, Норберт Ретген.

Затоа на утрешниот конгрес на најголемата опозициона партија, ЦДУ, што ќе одржи во Дортмунд, партиското раководство ќе се обиде да ги мобилизира и последните резерви за финишот во предизборната кампања.