1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Спротивставености и единство

Интегрирањето во НАТО и визната либерализација се приоритети во надворешната политика на македонската влада за 2009 година. Македонските европски перспективи ќе зависат и од новиот распоред на силите во ЕП.

default

Антонио Милошоски, министер за надворешни работи на Македонија

Шефот на македонската дипломатија, Антонио Милошоски, за односите со светот синоќа (18.12.2008) говореше во надлежната парламентарна комисија. Тој рече дека „економската криза ќе има свои политички импликации во рамките на ЕУ и за време на изборите за пратеници во Европскиот парламент, при што шанса би можеле да добијат одредени политички партии што претпочитаат популизам или имаат евроскептични погледи“.

Пратениците од опозицијата го бојкотираа излагањето на министерот Милошоски, веројатно како реакција на претходното отсуство на премиерот Никола Груевски, кој не беше во парламентот додека претседателот Бранко Црвенковски зборуваше за надворешнополитичките приоритети и предизвиците на земјата за наредната година. Црвенковски и Груевски, во последните 24 часа, изразија спротивставени проценки за економските рефлексии на светската економска криза врз Македонија. Црвенковски критикуваше дека „владата со огромно задоцнување и без какви било сериозни подготовки излезе со пакет мерки“ кои, според претседателот, „се недоволни и несоодветни“. Наспроти него, премиерот Груевски изјави дека очекува пораст и во третиот квартал на годината, и тоа од околу шест

Mazedonischer Präsident Branko Crvenkovski

Македонскиот претседател Бранко Црвенковски ја критикуваше владата

проценти, додека во четвртиот квартал тој пораст, според премиерот „ќе биде помал заради ефектите од светската криза“.

Баланс на односите со Косово и Србија

Претседателот на државата побара владата, на меѓународен план, да ги балансира односите со Косово и Србија, иако предупреди и на опасноста од поделба на Косово и можниот ефект на „поврзани садови“ во регионот. Тука Црвенковски има идентични проценки со владата, зашто и шефот на дипломатијата, Милошоски предупреди дека внимателно се следат настаните во северно Косово, кои имаат потенцијален ризик. Министерот за надворешни работи најави дека се очекува целосна нормализација на дипломатските односи со Приштина. Според Милошоски, притоа треба да има координација со црногорската влада, бидејќи, како што образложи, „и двете држави претрпеа исти последици во односите со официјален Белград“.

Од Белград е добиена дозвола за новиот македонски амбасадор во Србија и за нормализација на дипломатските односи, заладени по признавањето на Косово и протерувањето на македонскиот амбасадор од Србија, образложи Милошоски.

Поврзана содржина