1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Спротивставени ставови за Косово

Министрите за надворешни работи на седумте водечки индустриски земји и Русија на разговорите во Потсдам се судрија во ставовите за иднината на Косово. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров го отфрли повикот на неговиот германски колега Франк Валтер Штајнмаер, Кремљ да го прифати планот на ОН. Лавров нагласи дека судбината на Косово треба да се реши низ директни преговори меѓу двете страни, Белград и Приштина. Шефовите на дипломатиите изразија загриженост од растечкото насилство на Блискиот исток и повикаа на дијалог меѓу палестинците и израелците. На попладневните разговори ќе учествуваат и министрите за надворешни работи на Авганистан и Пакистан, Рангин Спанта и Куршид Касури. Средбата во Потсдам е последна подготовка пред самитот на Г8 во Хајлигендам од 6 до 8 јуни.