1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Спроведена смртната казна за Садам Хусеин

Во 6 часот локално време, утрово во Багдад е извршена смртната пресуда против поранешниот ирачки претседател Садам Хусеин. Поранешниот диктатор беше осуден на смрт со бесење. Од Пентагон во меѓувреме пристигна информацијата дека американските војнции се подготовни на насилни реакции во Ирак.

Садам Хусеин

Садам Хусеин

На вонредни вести, ирчката држава телевизија соопшти дека Садам Хусеин е погубен во Багдад рано изутрината. Поранешниот претседател умре со бесење, се вели во објаснувањето на телевизијата Ал Иракија. Претходно беа подготвени сите потребни документи за спроведување на казната, а исламско духовно лице се сретна со Садам Хусеин да ги слушне неговите последни зборови.

Чинот на споведување на казната е документиран со снимка со камера. Ирачкиот премиер Нури Ал Малики не присуствуваше на егзекуцијата. И покрај претспоставките, последната информација од Ирак е дека сеуште не се егзекутирани полу братот на Садам и поранешен судија.

Садам Хусеин беше осуден на смртна казна на 5 ноеври годинава, поради масакарот во 1982 година во месноста Дуџали, кога биле убиени 148 Шиити, како одмазда за неуспешно извршен атентат.

Егзекуцијата на Садам Хусеин наиде на воздржани реакции во светот. Американскиот претседател Џорџ Буш спорведувањето на смртната казна против Садам Хусеин го оцени како важен чекор на патот кон ирачката демократија, но предупреди дека овој чин нема да го сопре насилството во Ирак.

Британската министерка за надворешни работи Маргарет Бекет изјави дека Садам Хусеин “платил”, и изрази задоволство, што од ирачкиот суд бил повикан на одговорност најмалку за едно од неговите дела. Британската влада ја почитува одлуката, иако самата одбива смртна казна. Француското министерство за надворешни работи ги повика Ирачаните да се свртат кон иднината. Критика за спроведување на казната доаѓа од организацијата за човекови права Хјуман Рајтс Воч која која егзекуцијата на Садам Хусеин ја означи како значаен чекор на оддалечување од човековите права.