1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Спречен терористички напад во САД

Во Портланд е уапсено 19-годишно лице, кое се обиде да активира автомобил-бомба на почетокот на Божиќната сезона. Атентаторот имал намера преку мобилен телефон да го активира експлозивот, но бомбата била лажна.

default

Нападот требало да биде изведен во Портланд, на божиќниот панаѓур

Американската полиција ФБИ од јуни годинава ги следи активностите на сега уапсениот Мохамад Осман Мохамуд. Според информациите кои американските правни органи ги ставија на располагање за јавноста, 19-годишникот

Mohamed Osman Mohamud Portland Terror

Мохамад Осман Мохамуд добил лажна бомба

Мохамуд уште пред една година, преку имејл, контактирал со лица во северо-западниот граничен дел на Пакистан. Врз основа на овој податок, ФБИ сметале дека лицето сака да отпатува во тој регион за да учествутва во „Светата војна“. Затоа во јуни, таен агент стапил во контакт со 19-годинишникот, претставувајќи се како човек од доверба од Пакистан. На таа средба, уапсениот најавил дека има намера пред божиќниот период да изврши атентат во сојузната американска држава Орегон. Вчера, кога требаше да се реализира нападот, Мохамуд и тајниот агент со автомобил за транспорт, влегле во центарот на Портланд. Товарот, меѓутоа, бил препариран од ФБИ. При апсењето, атентаторот давал отпор. Во понеделник (29.11.10), уапсениот Мохамуд треба да биде изведен пред судија. Држабното обвинителство го товари лицето со потекло од Сомалија за обид за масовно убиство.


Автор: Ридигер Паулерт / Александра Трајковска
Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска