1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Спречен терористички напад во Москва

Руската полиција синоќа во главниот град Москва пронајде и демонтира два автомобила бомби. Според информациите полицијата ги пронашла автомобилите на две одделни локации во градот. Возачот на еден од автомобилите кој бил уапсен подоцна починал во болница

Веднаш по пронаоѓањето на двата автомобила кои се наоѓале на две улици во центарот на Москва жителите од околните куќи биле евакуирани во едно училиште, додека експертите за експлозиви работеле на демонтирање на пеколните направи.

Автомобилите според информациите биле преполни со експлозивни материи и мини.

Целиот случај според информациите кои ги потврди портапаролот на специјалните служби Сергеј Игначенко бил откриен кога возачот на едно возило кое синоќа било запрено на рутинска сообраќајна контрола со своето однесување предизвикал сомнеж кај полицајците, по што тој бил приведен а при претресот во автомобилот бил пронајден експлозивот.

За време на испрашувањето тој признал дека му биле ветени 1000 долари да ја одвезе колата во реонот Кутузовски каде се наоѓаат поголем број од резиденциите на владини официјални лица. Според извештаите возачот подоцна починал во болница од срцев удар. Портпаролот на московската полиција Кирил Мазурин ја потврди акцијата, но не изнесе повеќе детали околу овој случај.

Според изјави на жителите полицијата алармирала околу 5 часот утринава, по што биле евакуирани сите од околината.

Државниот непријател број еден Шамил Басаев мора да биде фатен жив и изнесен пред лицето на правдата, е официјалниот став на Москва по превземањето на одговорноста од страна на чеченскиот бунтовнички лидер за серијата терористички напади во Русија.

Сакаме само да го фатиме жив, изјави рускиот обвинител, генерал Владимир Колешников кој се надева дека Басаев нема да биде убиен во специјална операција.

Шамил Басаев преку писмо објавено на интернет со негов потпис ја превзеде одговорноста за крвавата заложничка драма во училиштето во Беслан, самоубиствениот напад пред метро станицата во центарот на Москва и уривањето на двата патнички авиона, напади во кои загинаа над 450 лица од кои голем дел беа деца лица. Русија за Басаев како непријател број еден распиша награда од 10 милиони долари за негово апсење.

Руските власти како одговорен го сметаат и Аслан Масхадов кој пак отфрли каква било негова поврзаност во терористичките настани во Русија.