1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Спречен терористички напад во Канада

Силите за безбедност на Kанада соопштија дека спречиле планиран терористички напад врз воз на релација Торонто - Њујорк. Две осомничени лица се уапсени.

Двајца осомничени мажи на возраст од 30 и 35 години планирале, на железничката линија од Торонто кон Њујорк да детонираат мост, се вели во соопштението на полицијата. Целта била еден воз да се излизга од шините. „Доколку овој план се реализираше, ќе беа убиени и повредени невини луѓе“, нагласи портпаролот на полицијата Џејмс Малициа во Торонто.

„Нема непосредна опасност“

Kanada Zug Terrorverdacht

Портпаролот на полицијата Џејмс Малициа во Торонто

Уапсените лица потекнуваат од Монтреал и Торонто, но не биле канадски државјани. За нивната националност портпаролот на полицијата Малициа не сакаше да се произнесе. Нивните планови за напад меѓутоа  „не се потпирале на етничкото потекло, туку на идеологија“.

Тие „биле способни и имале намера“ да извршат напад, меѓутоа во ниту еден момемент немало опасност за населението или за железничкиот сообраќај, нагласи полицијата. И покрај подготовките, не постоела опасност од непосреден напад.

Поддршка од Ал Каеда

Двајцата мажи добиле „поддршка од огранок на Ал Каеда со седиште во Иран“, соопшти портпаролот на полицијата Малициа. Меѓутоа „нема укажувања дека овие планови за напади биле поддржувани од државата“. Од американски владини кругови се вели дека сили на Ал Каеда особено биле активини во иранскиот град Сахедана на границата со Авганистан и Пакистан. Овие ќелии не работеле под заштита на владата во Техеран, која ги одбива сунитските Ал Каеда екстремисти.

Ирнаски портпарол во ОН во меѓувреме го отфрли толкувањето, дека терористичката мрежа би можела да оперира од Иран.

Според медиумски информации осомничените лица веќе една година биле надгледувани од истражните органи. Тие се обвинуваат за заговор за напад и убиство со терористичка група. Денеска треба да бидат изведен пред судија. Канадските и американските истражни власти соработувале во овој случај. Поврзаност со бомбашкиот напад на маратонот во Бостон нема.

Во изминатите години повеќепати осомничени исламистички терорсти од Канада паднаа во визирот на истражните органи. При нападот на една постројка за црпење гас во Алжир на почетокот на годинава, учествувале и екстремисти од Канада.