1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Спречен терористички напад во Германија

Германските безбедносни сили синоќа уапсија три лица за кои постои сомневање дека планирале терористички напад. Информацијата ја потврди министерот за одбрана Франц Јозеф Јунг.

default

Аеродромот во Франкфурт - можна цел на терористите

Безбедносните сили на Германија синоќа спречија терористички напад врз меѓународниот аеродром во Франкфурт и најверојатно американската воена база Рамштајн, крај Кајзерслутерн. Оваа информација прво ја лиферуваше Сидвеструнфунк, од студиото во Берлин. Германските безбедносни служби имено во текот на ноќта уапсиле три лица, за кои постоело сомневање дека подготвувале и планирале терористички напади. Според информации на Сидвеструндфунк кои се повикуваат на безбедносни кругови подготовките биле многу напреднати, и престоел терористички напад. Двајца од осомничените имале германско државјанство, третото осомничено лице кај себе имал пакистански пасош.

Во Корбах, на север на покрианатат Хесен, безбедносните сили на Германија го пронашле експлозивот во еден стан. Таму е извршено и апсењето на лицата.

Во меѓувреме потврда за обидот за терористичкиот напад стигна и од министерството за внатрешни работи од Берлин, а министерот за одбрана Франц Јозеф Јунг за првата програма на гермаснактата телевизија утрово изјави „Можам да кажам дека нашите безбедносни сили добро работеа, така што беше можна интервенцијата во текот на ноќта. Тоа исто така покажува колку е непосредна опасноста.” рече Јунг

Државното обвинителство одговорно за терористички деликти во Карслруе, за претпладнево најави прес конференција, а во министерството за внатрешни работи во Берлин утрово е закажана вонредна седница со експерти за внатрешна безбедност.