1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Спречен тежок напад врз Кабул

Авганистанските безбедносни сили, според сопствени наводи, спречиле тежок напад врз главниот град Кабул. Откриени и запленети се 10 тони експлозив.

Соработниците на авганистанската тајна служба заплениле десет тони експлозив и уапсиле пет осомничени лица. „Замислете ако овие 10 тони експлозив експлодираа во седуммилионскиот град“, изјави портпаролот на тајната служба, Шафiкула Тахири. Тој не го наведе ни времето на нападот кој бил планиран, ниту пак целта.

Осомничените - тројца Пакистанци и двајца Авганистанци - биле уапсени во предградие на Кабул. Тие се обиделе да го внесат експлозивот во градот во камион со компири. Експлозивот бил спакуван во 400 вреќи. Како што соопшти Тахири, осомничените го презеле експлозивот во близина на пакистанскиот град Пешавар.

Тајната служба денеска соопшти дека и на 15 април биле уапсени тројца осомничени. Тие наводно планирале атентат врз потпретседателот на земјата Мухамед Карим Халили во неговиот дом.