1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Спречен обидот за покривање на споменикот на Цар Душан

Помала група граѓани денеска (7.12.2013) во Скопје се обиде да го покрие со црна наметка споменикот на Цар Душан на еден од мостовите во градот , но полицијата ги спречи во намерата.

Припадниците на полицијата денеска во Скопје спречија група демонстранти кои се обидоа со црна наметка да го покријат споменикот на Цар Душан во центарот на Скопје. Групата организирана преку социјалната мрежа „Фејсбук“ одржа краток протест околу пладне, а полициски екипи го обезбедуваа мостот „Око“ на кој е поставено спомен обележјето.

Предводникот на групата граѓани , Африм Гаши, вели дека целта не била да се оштети споменикот: „Минатите денови се создаде маглива ситуација околу авторството на поставувањето на овој споменик, па затоа презедов лична и граѓанска иницијатива за да дојдеме до вистината околу тоа кој го поставил овој бетон тука, наречен Цар Душан“, рече денеска Африм Гаши, кој преку социјалните мрежи повика на протест.

По изјавата групата се растури. Поголема група граѓани вчеравечер го оштети постаментот на кој е поставен споменикот на Цар Душан. Полицијата информира дека настанот се случил околу еден часот по полноќ. Таа, како што соопшти, презема мерки за расчистување на случајот.