1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Спречен напад врз противниците на папата

Шпанската полиција уапси студент од Мексико, учесник на манифетсацијата Светски ден на младите, под сомнение дека сакал да изврши напад со отровни гасови.

default

Светски ден на младите

Шпанската полиција, според сопствени наводи, спречила напад врз противдемонстрација на маргините на манифестацијата Светски ден на младите католици која се одржува во Мадрид. Бил уапсен студент по хемија по потекло од Мексико, кој сакал да употреби отровни гасови и други хемиски супстанци.

Планираниот напад бил насочен против демонстрацијата на која за денеска повикаа 140 организации. Организаторите на протестите критикуваат што за посетата на папата Бенедикт Шеснаесетти, кој утре треба да пристигне во Мадрид, според нив се трошат пари на даночните обврзници. Црквата го негира тоа и истакна дека сама го финансира Светскиот ден на младите католици.

Автор: ЖА/АТ/дв

Редактор: Трајче Тосев