1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Спречен можен напад врз американската амбасада во Виена

*

Во австрискиот главен град е спречен веројатен напад врз американската амбасада. Еден 42 годишен маж со потекло од Босна и Херцеговина се обидел да влезе во зградата со две рачни гранати и шајки ставени во ранец. Кога детекторите на влезот во амбасадата почнале да сигнализираат дека во ранецот има метал, лицето се обидело да избега, но било уапсено. Полицијата засега не потврдува дали делото има исламистичка позадина. Агенциите јавуваат дека во меѓувреме во врска со нападот е уапсено уште едно лице.